Гео-означени слики и видео клипови
Доколку гео-означувањето е вклучено, уредот, за секоја
слика или видео клип што ги фотографирате или снимате,
зачувува информации за гео-ознаки како што се земја,
град или околина.
Потребна Ви е интернет конекција за да можете да
додадете информации за гео-ознака до Вашите датотеки.
Може да потрае неколку минути за да ги добиете
информација за гео-ознаките. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да влијае и Вашата
околина, згради, природни пречки како и временските
услови. Информациите за гео-ознаките не се зачувани на
друго место освен на Вашиот уред. Ако споделувате
датотека која вклучува информации за гео-ознаки, при
што и информациите за гео-ознаки се споделуваат, тогаш
и Вашата локација може да биде видлива на трети
странки кои ја гледаат датотеката.
Вклучување гео-ознаки
Кога ја активирате камерата за прв пат, уредот Ве
прашува дали сакате да вклучите гео-ознаки. За подоцна
да вклучите гео-ознака, направете го следново:
1 Одберете
>
Camera
.
2 Отворете мени Камера и одберете
Geotagging
.
3 Одберете ја
Enable geotagging
кутијата за проверка
и
Done
.