Nokia N900 - Снимање видео клип

background image

Снимање видео клип

Започнување со снимање

1 За да ја активирате камерата, отворете го поклопецот

на леќите. Ако камерата е активна во позадина и

поклопецот на леќите е отворен, тогаш за да ја

активирате камерата притиснете го копчето за

фотографирање.

2 За да се префрлите од режим на слика во режим на

видео, одберете .

3 За да го задржите фокусот на објект, притиснете го

копчето за фотографирање до половина надолу. Се

прикажува зелен индикатор за заклучен фокус.

Доколку фокусот не беше заклучен, се прикажува

црвен индикатор за фокус. Отпуштете го копчето за

фотографирање, а потоа повторно притиснете го до

половина надолу. Можете исто така да снимате видео

клипови без задржување на фокусот.

4 За да започнете со снимање, притиснете го копчето за

фотографирање.

Поминатото време на снимање е прикажано во црвено.

Стоп со снимање

Притиснете го копчето за фотографирање.
Префрлање помеѓу нормален и целосен режим на

екран

Допрете ја областа на визирот.