Прикажување на Ваш календар
Одберете
>
Calendar
и отворете мени.
Одберете
Month
,
Week
, или
Agenda
.
Со календарот, може да го сторите следново:
•
Креирајте настани, задачи и белешки за различни
намени како што се работа, дома или хоби. Објектите
што ги внесувате во различни календари се
појавуваат во различни бои.
•
Креирајте нови календари и избришете ги
непотребните календари. Меѓутоа, Вашиот уред има
два календари што не можат да се избришат.
Приватниот календар постои само во Вашиот уред и
не може да биде синхронизиран. Главниот календар
на уредот е употребен со PC Suite, на пример. Исто така
е можно да додавате календари обезбедени од трети
лица.
•
Скријте ги календарите без да ги отстраните
настаните и задачите. На пример, може да го сокриете
календарот за работа за време на Вашиот одмор. Кога
календарот е скриен, неговите аларми се исклучени.
Совет: Ако додадете роденден на контактната карта,
истиот ќе биде собран во роденденскиот календар.
108 Управување со време
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Алармот е по стандард исклучен за родендените, затоа ќе
мора да ги уредите доколку сакате да Ве потсетат.
Прикажување на настаните на денот
Во приказ на Месец или Седмица, одберете го денот.
Совет: За да се движите до претходниот или наредниот
ден, удрете лево или десно. Во приказите на Месец и
Седмица, можете да се движите до претходен или
нареден месец или седмица на истиот начин.
Приказ на белешки
Одберете
Go to notes
.
Приказ на сите задачи
Одберете
Go to tasks
.