За резервни копии
Можете да направите резервна копија на податоците во
масовната меморија или компатибилната мемориска
картичка и ако е неопходно, обновете ги податоците до
уредот. Резервната копија се појавува како папка во
масовната меморија или мемориската картичка на
уредот. Исто така можете да ја обезбедите резервната
копија со лозинка.
Можете да направите резервна копија од следново:
Комуникација и Календар — Пошта и разговорни пораки
и сметки, текст пораки, контакти во Апликација за
контакти, календарски настани, будилник и
прилагодувања на аларм
Омилени страници — Омилени страници од веб
пребарувачи
Прилагодувања — Сите апликациски конфигурации
Листа на апликации — Листа на апликациите
инсталирани на Вашиот уред