Зголемување на достапната меморија
Многу својства на уредот користат меморија за
зачувување на податоци. Уредот Ве известува кога
вредноста на достапната меморија е ниска.
Приказ на количина на достапна меморија
Одберете
>
Settings
и
Memory
.
Употреба на услужни апликации и управување со податоци 115
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Зголемување достапна меморија
Преносете ги податоците на компатибилна мемориска
картичка (доколку е достапна) или на компатибилен
компјутер. За отстранување на податоци кои не Ви се веќе
потребни, употребете File manager или отворете ја
поединечната апликација.
Можете да го отстраните следново:
•
Слики и видео клипови. Во компатибилен компјутер
направете резервна копија на датотеките.
•
Зачувани веб страни
•
Пораки во Conversations
•
Вчитани поштенски пораки во поштнските
сандачиња
•
Информација за контакт
•
Белешки во календарот
•
Апликации прикажани во Управување со апликации
кои не Ви требаат
•
Инсталација на датотеки (. deb или .install) од
апликации кои сте ги инсталирале. Префрлете ги
инсталационите датотеки на компатибилен
компјутер.