За меморија
Вашиот уред има вградена масовна меморија со
капацитет од 32 GB, дел од неа е резервиран за софтверот
на уредот и не е достапна за употреба кога уредот е
поврзан со компјутер.
114 Употреба на услужни апликации и управување со податоци
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Освен масовната меморија, Вашиот уред има отвор за
надворешна микроSD мемориска картичка и поддржува
мемориски картички со капацитет повеќе од 16 GB. Ако
мемориската картичка не е користена од некоја
апликација, можете да ја внесете или отстраните кога
уредот е вклучен.
Користете само компатибилни microSD картички
одобрени од Nokia за користење со овој уред. Nokia
користи одобрени индустриски стандарди за мемориски
картички, но некои видови може да не се целосно
компатибилни со овој уред. Некомпатибилните картички
може да ја оштетат картичката и уредот или податоците
зачувани на картичката.
Ако меморијата на уредот се расипе, можеби е потребно
да го форматирате складиштето на уредот и да го
преинсталирате оперативниот систем.