Nokia N900 - Отстранување проблеми

background image

Отстранување проблеми

За да ги видите често поставуваните прашања за Вашиот

уред, одете до www.nokia.com/support.

П: Која е мојата лозинка за PIN или PUK кодовите?

A: Доколку го заборавите PIN или PUK кодот, или доколку

немате примено таков код, контактирајте со Вашиот

мрежен оператор на услуги.

За информации во врска со лозинките, контактирајте со

Вашиот обезбедувач на пристапни точки, на пример,

комерцијален оператор на интернет услуги (ISP) или

оператор на мрежни услуги.

П: Што треба да направам ако го вклучам мојот уред

за прв пат и ништо не се појавува на екранот?

A: Осигурете се дека батеријата е вметната соодветно,

приклучокот за струја е поврзан со уредот и дека струјата

е вклучена. Пробајте да го рестартирајте уредот. Ако ова

не помогне, контактирајте го Вашиот продавач на уредот.

П: Зошто мојот уред не може да воспостави GPS

конекција?

A: Воспоставувањето на GPS конекција може да потрае од

неколку секунди до неколку минути. Воспоставувањето

на GPS конекција во возило може да потрае подолго. Ако

сте во затворена просторија, излезете на отворено за да

примите подобар сигнал. Ако сте надвор, поместете се на

поотворено место. Осигурајте се дека Вашата рака не ја

покрива GPS антената на Вашиот уред. Ако временските

138 Совети и решавање на проблеми

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

background image

услови се лоши, тоа може да влијае на јачината на

сигналот. Некои возила имаат затемнети (атермиски)

прозорци, кои можат да ги блокираат сателитските

сигнали.

П: Зошто не можам да го пронајдам уредот на мојот

пријател додека користам Bluetooth конективност?

A: Проверете дали двата уреда се компатибилни, дали

имаат активирано Bluetooth конективност, и да не се во

скриен режим. Проверете дали растојанието помеѓу двата

уреда не е повеќе од 10 метри (33 стапки) и дека нема

ѕидови или други пречки помеѓу уредите.

П: Како можам да ја завршам Bluetooth конекцијата?

A: За да завршите активна Bluetooth конекција, одберете

ја областа на статус и

Bluetooth

>

Devices

, и одберете го

уредот и

Edit

>

Disconnect

. Ако друг уред е поврзан со

Вашиот уред, исто така можете да ја завршите

конекцијата од другиот уред.

За да ја исклучите Bluetooth конективноста, одберете ја

областа на статус и

Bluetooth

, и исчистете го

Bluetooth

on

квадратчето за одбирање.

П: Зошто не можам да ја видам безжичната LAN

(WLAN) влезна точка дури и ако знам дека сум во

нејзиниот опсег?

A: WLAN влезната точка може да користи скриен сет за

услуги за идентификација (service set identifier - SSID).

Можете да користите само пристапни мрежи кои користат

скриен SSID доколку го знаете точниот SSID и имате

креирано WLAN интернет пристапна точка за мрежата на

Вашиот уред.

П: Како да ја исклучам безжичната LAN (WLAN) мрежа

на мојот уред?

A: Одберете ја областа на статусот и

Internet

connection

, и исклучете ја WLAN конекција.

П: Како можам да испраќам MMS пораки?

A: Не можете да испраќате или примате мултимедијални

пораки (MMS) со Вашиот уред, но можете да испраќате

мултимедијални датотеки преку е-mail или Bluetooth

конективност или да ги прикачите на интернет услуги,

како што се Nokia Ovi или Flickr.

Совети и решавање на проблеми 139

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

background image

П: Како да знам која верзија на софтвер е користена

во мојот уред?

A: Одберете

>

Settings

и

About product

.

П: Како можам да ја најдам мојата WLAN MAC адреса?

A: Одберете

>

Settings

и

About product

.

П: Како можам да креирам нов профил во мојот уред?

A: Не можете да креирате нови профили, но можете да ги

уредувате постоечките профили (општо и нечујно).

Одберете

>

Settings

и

Profiles

.

П: Користев Nokia PC Suite за да го синхронизирам

мојот календар. Кога го синхронизирав мојот

календар користејќи Mail for Exchange, имав двојни

календарски записи. Како можам да ги отстранам

двојните записи?

1 Во прилагодувањата на Mail for Exchange, исклучете ја

синхронизацијата на календарот.

Ако не ја исклучите синхронизацијата на календарот

пред да ги отстраните записите на календарот од

Вашиот уред, записите исто така се отстранети од

серверот за време на следната синхронизација и нема

да можат да бидат синхронизирани назад до Вашиот

уред.

2 Одберете

>

Calendar

, отворете мени и одберете

Settings

>

Edit calendars

.

3 Одберете го календарот и

Delete

.

4 Во прилагодувањата на Mail for Exchange, вклучете ја

синхронизацијата на календарот. Календарот е

синхронизиран од серверот назад до Вашиот уред за

време на следната синхронизација.

5 Ако се уште имате дупликати во календарот во

Вашиот уред, истите отстранете ги од серверот.