Nokia N900 - За FM предавателот

background image

За FM предавателот

Со FM предавателот можете да пуштате песни во Вашиот

уред употребувајќи компатибилен FM приемник, како

што е радио за во кола или домашен стерео систем.
Достапноста на FM емитерот може да варира во зависност

од државата. Во моментот на пишувањето, FM емитерот

може да се користи во следниве Европски држави:

Австрија, Белгија, Бугарија, Република Чешка, Данска,

Естонија, Финска, Германија, Исланд, Ирска, Литванија,

Лихтенштајн, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка,

Португалија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Турција и

Обединетото Кралство. За најновите информации, и

листата на не-Европските држави, видете

www.nokia.com/fmtransmitter.

Работната далечина на FM предавателот е максимум до 3

метри (10 стапки). Емитувањето може да биде предмет на

пречки кои се резултат на попречувања, како што се

ѕидови, други електронски уреди или јавни радио

станици. FM предавателот може да предизвика пречки во

близина на FM приемници, кои работат на иста

френкфенција. За да ги избегнете пречките, секогаш

барајте слободна FM фреквенција на приемникот пред

користење на FM предавателот.
Работната фреквенција на предавателот се движи од 88,1

до 107,9 MHz.
Ако предавателот ништо не испраќа за една минута,

тогаш автоматски се исклучува.
FM предавателот не може да се употребува додека

слушалките или кабелот за ТВ-излез се приклучени.