Продолжување на животниот век на батеријата
Многу функции во Вашиот уред ја зголемуваат
побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат
животниот век на батеријата. За да ја зачувате енергијата
од батеријата, обратете внимание на следново:
•
Деактивирајте ја Bluetooth технологијата кога не Ви е
потребна. Апликациите што употребуваат Bluetooth
технологија треба да бидат затворени кога не се
употребуваат.
•
Својствата кои користат безжична LAN (WLAN), или
дозволуваат такви услуги да бидат активни во
позадина додека користите други, ја зголемуваат
побарувачката на енергија од батеријата. WLAN на
Вашиот уред скенира достапни мрежи толку често
колку што е напоменато во WLAN прилагодувањата и
автоматски се конектира на мрежата која што е
користена претходно. За уште повеќе да ја намалите
потрошувачката на батеријата, можете да го
прилагодите Вашиот уред да не скенира или поретко
да скенира достапни мрежи во позадина.
•
Светлото во позадина на екранот ја зголемува
побарувачката на енергија од батеријата. Во
прилагодувањата за екран, можете да ја прилагодите
светлината на екранот и да ја промените должината
на времето на истекување, по кое светлото се
исклучува. Исто така можете да го активирате
режимот за штедач на енергија за да го поставите
уредот да користи помалку енергија кога светлото на
екранот е вклучено. За да ги промените
10 Пронајди помош
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
прилагодувањата на екранот, одберете
>
Settings
и
Display
.
•
Оставањето на апликациите да работат во позадина
ја зголемува побарувачката на енергија од
батеријата.