Кодови за пристап
Ако заборавите некој од кодовите за пристап,
контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.
Личен број за идентификација (Personal identification
number) - PIN код — Овој код ја штити Вашата SIM
картичка од неовластена употреба. PIN кодот (од 4 до 8
цифри) обично го добивате со SIM картичката. Ако
трипати по ред се внесе погрешен PIN код, кодот се
блокира, и потребен е PUK кодот за негово деблокирање.
Личен код за одблокирање (Personal unblocking key - PUK)
— Овој код (8 цифри) е потребен за менување на
блокиран PIN код. Ако кодот не Ви е доставен,
контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.
Код за заклучување — Кодот за заклучување Ви помага
да го заштитите уредот од неовластено користење.
Претходно наместениот код е 12345. Можете да го
креирате или да го промените кодот, и можете да го
прилагодите уредот да бара код. Новиот код чувајте го во
тајност и на безбедно место подалеку од Вашиот уред. Ако
го заборавите кодот за заклучување и Вашиот уред е
заклучен, мора да го однесете уредот во некој овластен
Nokia сервис и може да се применат дополнителни
трошоци. За да го отклучите уредот, софтверот мора да се
вчита одново, при тоа сите податоци зачувани на уредот
може да бидат загубени.