Nokia N900 - Безбедност на конекција

background image

Безбедност на конекција

Податковното пренесување помеѓу Вашиот уред и веб

сервер е шифрирано, ако е прикажан безбеден сервер со

информационен банер. Безбедносните информации ја

вклучуваат адресата на веб страните и неговите

потврдувања.
Приказ на безбедносни информации за веб страна

Отворете мени и одберете

Details

.

Безбедносните сертификати може да се бараат за некои

услуги, како што се банкарски услуги. Ќе бидете известени

ако идентитетот на серверот не е автентичен или ако го

немате вистинскиот безбедносен сертификат во Вашиот

уред.
Важно: Иако користењето на сертификати ги прави

ризиците во врска со далечинските конекции и

инсталацијата на софтверот значително помали, тие мора

да се користат правилно со цел да се има корист од

зголемената безбедност. Постоењето на сертификати не

нуди заштита сама по себе, сертификат менаџерот мора

да содржи коректни, автентични или поверливи

сертификати за постоење на зголемена заштита.

Сертификатите имаат ограничено траење. Ако се покаже

"Сертификатот е истечен" или "Сертификатот сеуште не е

валиден", и покрај тоа што сертификатот треба да биде

валиден, проверете дали тековните датум и време во

Вашиот уред се точни.
Пред менување на прилагодувањата на сертификатот,

морате да бидете сигурни дека навистина му верувате на

сопственикот на сертификатот и дека сертификатот

навистина припаѓа на наведениот сопственик.