Читање на Вашата службена пошта користејќи Mail
for Exchange
Со Mail for Exchange можете да ја примате Вашата
службена пошта на Вашиот уред. Можете да читате и
одговарате на Ваш е-mail, да гледате и уредувате
компатибилни прилози, да гледате информации на
календар, да примате и одговарате на покани за состанок
и да гледате, додавате и уредувате информации на
контакт.
Mail for Exchange може да се намести само ако Вашата
компанија има Microsoft Exchange сервер. Како додаток,
Пошта 69
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Вашиот IT администратор мора да активира Microsoft
Exchange ActiveSync за Вашата сметка.
Mail for Exchange
Користењето на Mail for Exchange е ограничено за
синхронизација преку мрежата на PIM информации
помеѓу Nokia уредот и овластениот Microsoft Exchange
сервер.
Пред да започнете со наместување на Mail for Exchange,
осигурајте се дека го имате следново:
•
Корпоративна адреса на пошта
•
Ваше име на Exchange серверот (контактирајте го IT
одделот во Вашата компанија)
•
Име на домен на Вашата мрежа (контактирајте го IT
одделот во Вашата компанија)
•
Лозинка за мрежа од Ваша канцеларија
Во зависност од конфигурацијата на Exchange сервер од
Вашата компанија, можеби ќе треба да внесете и други
информации од оние што се веќе на листата. Ако не ја
знаете точната информација, контактирајте го IT одделот
во Вашата компанија.
Со Mail for Exchange, користење на кодот за заклучување
може да биде задолжително. Стандардниот код за
заклучување на Вашиот уред е 12345, но IT
администраторот на Вашата компанија може да има
наместено друг код за Вас.