Nokia N900 - Синхронизирање со Mail for Exchange

background image

Синхронизирање со Mail for Exchange

Синхронизацијата се случува автоматски во интервалите

што ги дефиниравте при прилагодување на сметката за

Mail for Exchange. Исто така, рачно можете да ја започнете

синхронизацијата во секое време.
Синхронизирана е само содржината што ја дефиниравте

при прилагодување на сметката. Ако сакате да

синхронизирате поголема содржина, изменете ги

прилагодувањата за Mail for Exchange.
Почеток на рачна синхронизација

Од менито на статус, одберете

Mail for Exchange

>

Synchronise manually

.

Ако го синхронизиравте Вашиот календар претходно

користејќи Nokia PC Suite, можеби имате двојни записи во

календарот од Вашиот уред.
Отстранување двојни записи на календар

1 Во прилагодувањата на Mail for Exchange, исклучете ја

синхронизацијата на календарот.

Ако не ја исклучите синхронизацијата на календарот

пред да ги отстраните записите на календарот од

Вашиот уред, записите исто така се отстранети од

серверот за време на следната синхронизација и нема

да можат да бидат синхронизирани назад до Вашиот

уред.

2 Одберете

>

Calendar

, отворете мени и одберете

Settings

>

Edit calendars

.

3 Одберете го календарот и

Delete

.

4 Во прилагодувањата на Mail for Exchange, вклучете ја

синхронизацијата на календарот. Календарот е

синхронизиран од серверот назад до Вашиот уред за

време на следната синхронизација.

5 Ако се уште имате дупликати во календарот во

Вашиот уред, истите отстранете ги од серверот.