Nokia N900 - За Bluetooth конективност

background image

За Bluetooth конективност

Со Bluetooth конективност, можете да направите

безжична конекција со друг компатибилен уред, како што

се мобилни телефони, компјутери, слушалки и сетови за

во автомобил.
Може да ја користите конекцијата за да испраќате слики,

видео клипови, музички и звучни клипови, белешки и да

пренесувате датотеки од Вашиот компатибилен

компјутер.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија

комуницираат користејќи радио бранови, тие не треба да

бидат во директна линија на видливост. Меѓутоа, тие мора

да бидат оддалечени 10 метри (33 стапки) еден од друг,

иако конекцијата може да биде предмет на пречки од

други препреки како што се ѕидови или други

електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата

2,1 + EDR што ги поддржува следниве профили: General

Access Profile, File Transfer Profile, Object Push Profile,

Generic Object Exchange Profile, Headset Profile, Hands Free

Profile, Advanced Audio Distribution Profile, и Audio/Video

Remote Control Profile . За да осигурате

интеропратибилност помеѓу другите уреди што

поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци

за овој модел што се одобрени од Nokia. Проверете со

производителите на другите уреди за да ја утврдите

нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја

зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата и

го намалуваат животниот век на батеријата.