За WLAN
За да користите безжичнa LAN (WLAN) конекција, таа мора
да е достапна во Вашата локација и Вашиот уред мора да
е поврзан со WLAN мрежата. Некои WLAN мрежи се
заштитени и потребен Ви е клуч за пристап од
обезбедувачот на услуги за да се поврзете со нив.
Може да постојат некои ограничувања за користењето
на WLAN во некои држави. За повеќе информации
проверете кај Вашите локални власти.
Услугите како што се WLAN или кои може да се активни
во позадина додека користите други услуги, ја
зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата и
го намалуваат животниот век на батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN услуги:
•
IEEE 802.11b/g стандард
•
Работа на 2,4 GHz
•
Приватност, еквивалентна на мрежната приватност
(WEP) со клучеви до 128 битови и Wi-Fi заштитен
пристап (WPA2-Enterprise) методи за автентичност.
Овие функции може да се користат само ако се
поддржани од мрежата.
Важно: Секогаш вклучете еден од достапните методи на
шифрирање за да ја зголемите безбедноста на Вашата
безжична LAN конекција. Користењето на шифрирање го
намалува ризикот од неовластен пристап до Вашите
податоци.