Nokia N900 - За GPS

background image

За GPS

Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван

од Владата на Соединетите Држави, која е единствено

одговорна за точноста и одржувањето на системот. На

точноста на податоците на локацијата може да влијае

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата

на Соединетите Држави и е предмет на промена со

политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана

на Соединетите Држави и Федералниот

Радионавигационен План. На точноста исто така може да

влијае и слабата геометрија на сателитите. На

достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да

влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како

и временските услови. GPS сигналите може да не се

достапни во внатрешноста на згради или под земја и може

да бидат попречени од материјали како што се бетон или

метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на

локации, и не треба никогаш да се потпирате единствено

на податоците за локацијата од GPS приемникот и на

мобилните радио мрежи за позиционирање или

навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се

појават грешки при заокружување. На точноста исто така

може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS

сигналите.
Координатите во GPS се изразени преку меѓународниот

координативен систем WGS-84. Достапноста на

координатите може да варира во зависност од регионот.