Холограм за проверка
1
Кога го гледате холограмот на етикетата, треба да го видите симболот на Nokia
поврзување на раце од еден агол и логото Nokia Оригинални Додатоци кога
гледате од друг агол.
2
Кога холограмот го поместувате под агол лево, десно, доле и горе, треба да
видите 1,2,3 и 4 точки на секоја страна по редослед.
Успешното завршување на чекорите не е целосно уверување за автентичноста на
батеријата. Ако не можете да ја потврдите автентичноста или ако имате било каква
причина да верувате дека Вашата Nokia батерија со холограмот на етикетата не е
автентична Nokia батерија, треба да се воздржите од нејзино користење, и да ја
однесете до најблискиот овластен Nokia сервисен центар или дилер за помош.
За да дознаете повеќе за оригиналните Nokia батерии, видете ја страницата
www.nokia.com/battery.