Полнење на батерија
Вашата батерија е фабрички делумно наполнета. Ако
уредот покажува дека има малку енергија, направете го
следново:
Полнење батерија користејќи полнач
1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2 Поврзете го полначот со микро USB конекторот на
уредот.
3 Кога уредот покажува дека е целосно наполнет,
исклучете го полначот од уредот, а потоа од ѕидниот
штекер.
Известувањето за светло трепка додека уредот се полни.
Известувањето за светло останува вклучено кога
батеријата е целосно наполнета.
Нема потреба да ја полните батеријата определен период
на време, можете и да го користите уредот додека се
полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може да
потрае неколку минути пред известувањето за светло
почне да трепка или пред да може да се направат било
какви повици.
14 За почеток
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
Полнење батерија користејќи USB кабел
Кога ѕиден штекер не е достапен, можете да го полните
Вашиот уред користејќи компатибилен USB уред, на
пример компјутер. Исто така можете да пренесувате
податоци додека го полните уредот.
1 Поврзете компатибилен USB кабел помеѓу некој
компатибилен USB уред и Вашиот уред.
Во зависност од типот на уредот што се користи за
полнење, може малку да потрае додека полнењето
да започне.
2 Ако уредот е вклучен, опциите за режим на USB се
прикажани. Одберете
Mass storage mode
или
PC
Suite mode
за да се осигурате дека Вашиот уред
прима доволно енергија преку USB полнењето.
Известувањето за светло трепка додека уредот се полни.
Известувањето за светло останува вклучено кога
батеријата е целосно наполнета.
Ако батеријата е целосно испразнета, оставете ја некое
време да се полни пред да го користите уредот.
Ако уредот е вклучен и некои апликации се во тек, уредот
може да употребува повеќе енергија отколку што добива
преку USB полнењето. Затворете некои апликации и
исклучете ги податковните конекции или пак користете
полнач што доаѓа заедно со уредот.