Вметнете ја SIM картичката и батеријата
Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
Важно: За да спречите оштетување на SIM картичката,
секогаш отстранете ја батеријата пред да ја вметнете или
отстраните картичката.
1 За да спречите олабавување на батеријата, наместете
го уредот така што задниот поклопец е завртен
нагоре.
2 Поставете го прстот зафатот и кренете го задниот
поклопец нагоре. Не треба да го притиснете копчето
за да извадите задниот поклопец.
3 За да го ослободите држачот на SIM картичката,
лизгајте го држачот на лево (1) и кренете го нагоре
десниот крај на држачот (2). Осигурете се дека
За почеток 11
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
засечениот ќош на картичката е свртен нагоре и дека
контактните површини на картичката се свртени
надолу кон конекторите на уредот (3). Затворете го
држачот (4) и излизгајте го на десно за да го заклучите
(5).
4 Порамнете ги контактите на батеријата со
соодветните конектори на одделот на батеријата и
вметнете ја батеријата во насоката на стрелката.
5 За да го замените задниот поклопец, насочете го
горниот дел за заклучување кон неговото место и
притиснете надолу се додека поклопецот не се
заклучи на своето место.