Активности на екранот на допир
Допирање
За да отворите некоја апликација или друг елемент на
екранот со допир, допрете еднаш со Вашиот прст.
Одберете
Во оваа документација за корисникот, отворање на
апликации или објекти со нивно допирање еднаш се
нарекува "одбирање". Ако треба да одберете неколку
објекти во секвенца, текстовите на екранот за одбирање
се одделени со стрелка, на пример
>
Phone
.
Одбирање и задржување
Во многу апликации, со одбирање и задржување можете
да го отворите менито што се појавува и што е осетливо
26 Вовед
© 2010 Nokia. Сите права се задржани.
на контекст. За да го сторите ова, поставете го Вашиот
прст на објектот, додека не се отвори мени што се
појавува.
Влечи
Влечењето може да се користи, на пример, за
прелистување листа нагоре или надолу. За да влечете,
поставете го Вашиот прст на екранот, и излизгајте низ
екранот.
Избриши
Бришење може да се употреби, на пример, за да се
префрлите помеѓу слики и апликација за Слики. За да
избришете, излизгајте го Вашиот прст брзо лево или
десно на екранот.
Пример: Кога прикажувате некоја слика, за да ја
прикажете следната или претходната слика, повлечете ја
сликата лево или десно.
Светло на екранот на допир
Вклучување на светлото на екранот на допир
Светлото на екранот на допир е исклучено по определен
период на неактивнот. За да го вклучите светлото на
екранот, допрете го екранот. Ако екранот и копчињата се
заклучени, за да ги отклучите употребете го префрлањето
за заклучување.