Промена на кодот за заклучување
1 Одберете
>
Settings
и
Device lock
>
Change lock
code
.
2 Внесете ја тековната лозинка, а потоа новиот код
двапати. Стандардниот код за заклучување е 12345.
Доколку било кога допрете надвор од прозорецот, кодот
за заклучување на уредот нема да се промени.
Новиот код чувајте го во тајност и на безбедно место
подалеку од Вашиот уред.
Ако го заборавите кодот за заклучување и Вашиот уред е
заклучен, мора да го однесете уредот во некој овластен
Nokia сервис и може да се применат дополнителни
трошоци. За да го отклучите уредот, софтверот мора да се
вчита одново, при тоа сите податоци зачувани на уредот
може да бидат загубени.