Nokia N900 - Употреба на физичка тастатура

background image

Употреба на физичка тастатура

За да ја отворите физичката тастатура, лизгајте го екранот

на допир нагоре. Кога ја употребувате физичката

тастатура, виртуелната тастатура е исклучена.

Како додаток на карактерните копчиња, физичката

тастатура ги содржи следниве копчиња:

1 Симб/Ctrl копче

2

копче

3 Shift копче

28 Вовед

© 2010 Nokia. Сите права се задржани.

background image

4 Space копче

5 Enter копче

6 Backspace копче
Внесување текст

Притиснете ги копчињата на тастатурата.
Префрлување помеѓу големина на букви

Притиснете го shift копчето. За да внесете само големи или

мали букви, два пати притиснете го shift копчето. За да се

вратите во нормалниот режим, повторно притиснете го

shift копчето.
Внесување на број, додатен знак или општ симбол

Притиснете и задржете , и потоа притиснете го копчето

на кое го има испечатено знакот. За да внесете само знаци

кои се испечатени на копчињата, притиснете два пати

за да го заклучите режимот. За да се вратите во нормален

режим, притиснете повторно.
Внесување на знак што не е пронајден од тастатурата

Притиснете и задржете , и потоа притиснете го симб

копчето.
Употреба на завршување на збор

Можете исто така да го користите својството на

завршување на збор. Кандидатите на зборови се

прикажани во областа на внесување текст. За да одберете

кандидат на збор, притиснете го копчето со десната

стрелка.

Додавање на акцент на знак

1 За да внесете, на пример, â, притиснете и задржете

, и потоа притиснете го симб копчето.

2 Тапнете го акцентот (^) на екранот на допир.

3 Притиснете ја буквата на која сакате да го додадете

акцентот. За да го додадете само акцентот, тапнете го

акцентот два пати.